Sunday, December 27, 2015

Први астрономи

Пред повеќе од илјада години, во време на древните цивилизации на Египет и Кина, луѓето верувале дека Сонцето и Месечината се богови и дека Земјата е рамна, а дека небото е една голема купола која стои во воздухот над Земјата.
Подоцна, астрономите од стара Грција докажале дека Земјата е тркалезна. Многумина верувале дека ѕвездите се прицврстени за една голема топка, којашто секој ден се врти околу Земјата. Еден грчки астроном, Аристарх, тврдел дека сите планети, вклучувајќи ја и Земјата се вртат околу Сонцето-ѕвезда, но повеќетоастрономи во тоа време сметале дека 
Сонцето, Месечината и планетите се движат по кружни патеки околу Земјата, центарот на вселената.
Птоломеј, кој живеел во II век, забележал дека планетите во текот на годината не се движат по небесниот свод по правилни патеки. Тој сметал дека секоја од нив во текот на кружењето околу Земјата се движи по сопствен мал круг наречен епицикл.
Никола Коперник, полски свештеник и астроном, го довел во прашање сфаќањето на Птоломеј тврдејќи дека Сонцето се наоѓа во центарот на системот на планети кој кружат околу него. Само Месечината се врти околу Земјата. Коперник погрешно мислел дека орбитите на планетите се совршени кругови и дека се движат по свои епицикли. Германскиот  астроном Јохан Кеплер (1571-1630)  докажал дека планетите се движат по елиптични,а не кружни орвити. Со формата на нивните орбити  расчистени се дилемите кои претходно многу ги збунувале набљудувачите и така се отфрлиломислењето дека планетите се вртат по епицикли.
Италијанскиот астроном Галилео Галилеј (1564-1642) прв употребил телескоп. Врз основа на набљудувањето на сателитите на Јупитер во орбитите и врз основа на привидно променлива форма на Венера додека кружи олколу Сонцето, тој заклучил дека Коперник бил во право: планетите навистина се движат олколу Сонцето. 


Галилео Галилеј со телескопот 



Никола Коперник



Птоломеј




Аристарх



Јохан Кеплер


Ѕвезди



Ѕвездите се огромни топки топлки вжештени гас што ротираат. Тие произведуваат огромни количества енергија во форма на топлина и светлина како големите нуклеарни централи. Таа енергија со својот сјај се емитува во вселенскиот простор.
Ноќе, на небо личат на ситни светли точки, но голем број ѕвезди се неверојатно поголеми. Бателгез во соѕвездието Орион е 800 пати поголем од сонцето, нашата ѕвезда. Ѕвездите многу се разликуваат зависно од количеството светлина што го емитуваат.Насилните ѕвезди даваат 100 000 пати повеќе светлина од Сонцето, додека други се 100 000 пати послаби.
Ѕвездите се создаваат кога облаци прашина и гас во просторот познати како маглици, ќе се збијат под влијание на силата на тежата и ќе станат густи грутки кои се нарекуваат протоѕвезди. Не е сосема јасно поради што доаѓа до ова. Можно е овој процес да го поттикнува експлозија на некоја ѕвезда која се наоѓа воблизина и е при крајот на својот живот.
Откако ѕвездата ќе се формира, таа станива стабилна, “нормална’’ ѕвезда. Сонцето е типична ѕвезда со просечен сјај. Помасовните ѕвезди како што е Ригел,светат со сино-бела светлина, додека на другиот крај на скалата, едно бело џуџе, збиено јадро на секоја ѕвезда, не е поголемо од Земјата.




Големата експлозија

Многу астрономи веруваат дека вселената била создадена со еден голем настан. Всушност се верува дека една неверојатно жешка, густа експлозија, наречена  Голема експлозија, се случила пред околу 15 милијарди години. Во оваа експлозија, се создадени севкупната материја, енергија, просторот, времето. 
Во првите милионити делови од секундата настанле честичките. Од нив се создале атомите, а од атомите севкупната материја. Било потребно околу 100 000 години овие честички да ги формираат првите атоми на водород и на хелиум. Дотогаш вжарената врелина на Големата Експлозија се изладила, Просторот се проширил и гасовите почнале да се шираат. Меѓутоа, силата на тежата постепено почнала да ги натрупува честичките гас создавајќи огромни празни простори меќу нив.
Околу милијарда години по Големата експлозија, облаците га почнале да ги формираат галаксиите. Материјата во галаксиите продолжила да се спојува и така настанале ѕвездите. И нашето Сонце е создадено на овој начин пред околу пет милијарди години. Неговата фамилија планети, вклучувајќи ја и нашата Земја, создадена е од остатоците на материјата што се вртеле околу тукушто родено Сонце. Бидејќи милијарди и милијарди ѕвезди и планети се создавале на ист начин ширум вселента, изгледа речиси сигурно дека животот можел да се развие и на други места. Дали ние што живееме на Земјата еден ден ке воспоставиме контакт со овие непознати форми на живот ?
Ширењето на вселената се забавива. Некои астрономи веруваат дека силата на тежата можеби на крајот ќе доведе до запирање на ширењето и дека сета материја повторно ќе се собере во една точка за време на “ Големиот колапс ’’. Други сметаат дека во вселената нема доволно материја за да се случи ова и дека таа ќе продолжи вечно да се шири.



Saturday, December 26, 2015

Вслена

Се што гледаме околу себе и се друго што постои и припаѓа на вселената: од зрнцето песок до високите згради, од честичките прашина до џиновските ѕвесди и планети, до најситините бактерии, што можат да се видат само со микроскоп од лугето. На планетата и припаѓа дури и празниот простор.
Вселената е неверојатно голема, се протега на милијарди и милијарди километри.Растојанијата во вселената се толко големи што мораме да користиме специјална единица за мера за да ги означиме. Тоа е светлосна година: растојанието коешто светлината го поминува за една година (9 460 528 405 000 километри), движејќи се со брзина од околу 300 000км во секинда. Ѕвездата што е најблиску до Земјата (по Сонцето), Проксима Кентаури е оддалечена 4,2 светлосни години. Најоддалечените објекти во вселената се наоѓаат на растојание од над 13 милијарди светлосни години.

Речиси сета материја во вселента се наоѓа во галаксиите.Тие претставуваат огромна маса на ѕвезди, гас и прашина. Веројатно постојат околу сто милијарди галаксии,а секоја од нив содржи стотици милијарди ѕвезди. Галаксиите се групирани во џиновски маглици на галаксии кои се нарекуваат супер јата. Тие се простираат по вселената во вид на мрежа направена од влакна и јазли. Меѓу нив се протегаат огромни празни простори.

Самите супер јата се состојат од помали галактички јата. Едно од нив, јатото кое опфаќа околу триесетина галаксии, се нарекува Локална група. Тука спаѓаат галаксијата Млечен пат, пространа група ѕвезди чиишто положби формираат спирала. Тука припаѓа и нашата локална ѕвезда сонцето .
Астрономите утврдиле дека галаксиите меѓусебно се оддалечуваат со голема брзина.Тоа значи дека пред многу време биле  блуску една до друга. Според тоа вселената има свој јасен почеток, а можеби има и крај


Галаксии

Галаксиите се џиновски групи на ѕвезди.Онаа во која се наоѓа Сонцето, глакасија млечен Пат, е огромна спирала составена од околу 100 000 светлосни години. Во вселента постојат уште милијарди други галаксии од кои повеќето  имаат елиптична форма.Некои галаксии имаат непревилна форма.
Во центарот на Млечниот Пат постои испакнатина, јадро во кое се концентрирани постари, црвени ѕвезди. Четири џиновски краци тргнуватод јадрото и во нив се наоѓаат помлади,сини ѕвезди, како и простори исполнети со гас и прашина - суровина за создавање нови ѕвезди. Целта спирала се врти  со брзина од околу 250 км во секунда