Sunday, December 27, 2015

Први астрономи

Пред повеќе од илјада години, во време на древните цивилизации на Египет и Кина, луѓето верувале дека Сонцето и Месечината се богови и дека Земјата е рамна, а дека небото е една голема купола која стои во воздухот над Земјата.
Подоцна, астрономите од стара Грција докажале дека Земјата е тркалезна. Многумина верувале дека ѕвездите се прицврстени за една голема топка, којашто секој ден се врти околу Земјата. Еден грчки астроном, Аристарх, тврдел дека сите планети, вклучувајќи ја и Земјата се вртат околу Сонцето-ѕвезда, но повеќетоастрономи во тоа време сметале дека 
Сонцето, Месечината и планетите се движат по кружни патеки околу Земјата, центарот на вселената.
Птоломеј, кој живеел во II век, забележал дека планетите во текот на годината не се движат по небесниот свод по правилни патеки. Тој сметал дека секоја од нив во текот на кружењето околу Земјата се движи по сопствен мал круг наречен епицикл.
Никола Коперник, полски свештеник и астроном, го довел во прашање сфаќањето на Птоломеј тврдејќи дека Сонцето се наоѓа во центарот на системот на планети кој кружат околу него. Само Месечината се врти околу Земјата. Коперник погрешно мислел дека орбитите на планетите се совршени кругови и дека се движат по свои епицикли. Германскиот  астроном Јохан Кеплер (1571-1630)  докажал дека планетите се движат по елиптични,а не кружни орвити. Со формата на нивните орбити  расчистени се дилемите кои претходно многу ги збунувале набљудувачите и така се отфрлиломислењето дека планетите се вртат по епицикли.
Италијанскиот астроном Галилео Галилеј (1564-1642) прв употребил телескоп. Врз основа на набљудувањето на сателитите на Јупитер во орбитите и врз основа на привидно променлива форма на Венера додека кружи олколу Сонцето, тој заклучил дека Коперник бил во право: планетите навистина се движат олколу Сонцето. 


Галилео Галилеј со телескопот 



Никола Коперник



Птоломеј




Аристарх



Јохан Кеплер


No comments:

Post a Comment