Се што гледаме околу себе и се друго што постои и припаѓа на вселената: од зрнцето песок до високите згради, од честичките прашина до џиновските ѕвесди и планети, до најситините бактерии, што можат да се видат само со микроскоп од лугето. На планетата и припаѓа дури и празниот простор.
Вселената е неверојатно голема, се протега на милијарди и милијарди километри.Растојанијата во вселената се толко големи што мораме да користиме специјална единица за мера за да ги означиме. Тоа е светлосна година: растојанието коешто светлината го поминува за една година (9 460 528 405 000 километри), движејќи се со брзина од околу 300 000км во секинда. Ѕвездата што е најблиску до Земјата (по Сонцето), Проксима Кентаури е оддалечена 4,2 светлосни години. Најоддалечените објекти во вселената се наоѓаат на растојание од над 13 милијарди светлосни години.
Речиси сета материја во вселента се наоѓа во галаксиите.Тие претставуваат огромна маса на ѕвезди, гас и прашина. Веројатно постојат околу сто милијарди галаксии,а секоја од нив содржи стотици милијарди ѕвезди. Галаксиите се групирани во џиновски маглици на галаксии кои се нарекуваат супер јата. Тие се простираат по вселената во вид на мрежа направена од влакна и јазли. Меѓу нив се протегаат огромни празни простори.
Самите супер јата се состојат од помали галактички јата. Едно од нив, јатото кое опфаќа околу триесетина галаксии, се нарекува Локална група. Тука спаѓаат галаксијата Млечен пат, пространа група ѕвезди чиишто положби формираат спирала. Тука припаѓа и нашата локална ѕвезда сонцето .
Астрономите утврдиле дека галаксиите меѓусебно се оддалечуваат со голема брзина.Тоа значи дека пред многу време биле блуску една до друга. Според тоа вселената има свој јасен почеток, а можеби има и крај

No comments:
Post a Comment