Sunday, December 27, 2015

Големата експлозија

Многу астрономи веруваат дека вселената била создадена со еден голем настан. Всушност се верува дека една неверојатно жешка, густа експлозија, наречена  Голема експлозија, се случила пред околу 15 милијарди години. Во оваа експлозија, се создадени севкупната материја, енергија, просторот, времето. 
Во првите милионити делови од секундата настанле честичките. Од нив се создале атомите, а од атомите севкупната материја. Било потребно околу 100 000 години овие честички да ги формираат првите атоми на водород и на хелиум. Дотогаш вжарената врелина на Големата Експлозија се изладила, Просторот се проширил и гасовите почнале да се шираат. Меѓутоа, силата на тежата постепено почнала да ги натрупува честичките гас создавајќи огромни празни простори меќу нив.
Околу милијарда години по Големата експлозија, облаците га почнале да ги формираат галаксиите. Материјата во галаксиите продолжила да се спојува и така настанале ѕвездите. И нашето Сонце е создадено на овој начин пред околу пет милијарди години. Неговата фамилија планети, вклучувајќи ја и нашата Земја, создадена е од остатоците на материјата што се вртеле околу тукушто родено Сонце. Бидејќи милијарди и милијарди ѕвезди и планети се создавале на ист начин ширум вселента, изгледа речиси сигурно дека животот можел да се развие и на други места. Дали ние што живееме на Земјата еден ден ке воспоставиме контакт со овие непознати форми на живот ?
Ширењето на вселената се забавива. Некои астрономи веруваат дека силата на тежата можеби на крајот ќе доведе до запирање на ширењето и дека сета материја повторно ќе се собере во една точка за време на “ Големиот колапс ’’. Други сметаат дека во вселената нема доволно материја за да се случи ова и дека таа ќе продолжи вечно да се шири.



No comments:

Post a Comment