Планети

Планетата е голем објект во орбита околу некоја ѕвезда. Може да биде составена од карпи, метал, течност, гас или комбинација од овие елементи.Планетите не создаваат светлина, туку ја рефлектираат светлината од својата ѕвезда.Во нашиот сончев систем има осум планети и тоа: Меркур најблизок до сонцето, Венера втора планета до сонцето, нашата планета Земја која е трета, Марс после Земјата, Јупитер петти,  Сатурн шести, Уран седми и осми НептунБидејќи Плутон е нај оддалечен од сонцето и е најмала планета во сончевиот систeм тој не се смета за планета туку за планета-џуџе.

Формирање на планетите 

Сончевиот систем го започнал животот како облак од гас и прашина кој се движел по галаксијата Млечен пат. Се смета дека експлозијата на некоја супернова може да предизвика ширење на ударните бранови низ просторот во вселената, кои го погодиле облакот и на некој начин предизвикале негово згуснување под дејсво на сопствената гравитациона сила.
Во текот на наредните 100 000 години згуснатиот облак станал диск што се врти брзо. Тој се нарекува сончева маглица. Под притисок на гасот и прашината што спирално се движеле кон центарот, маглицата станувала се потопла и погуста и почнала да се шири. Набрзо се развила во младо Сонце.
Надвор од оваа централна печка, честичките почнале да згуснуваат како снегулки, прво во мали парчиња карпи, а потоа во огромни карпи. Во текот на милиони години, некои пораснале во блокови со пречник од повеќе километри, кои се нарекуваат планетезимали. Тие подоцна почале да се судираат меѓусебно спојувајки се како топки снег и од нив настанале четирите карпести внатрешни планети: Мeркур, Венера, Земја и Марс и јадрата nа четирите гасивити џинови:Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.
Сончевоит вeтер ги оддувал остатоците гас и прашина, вклучувајки ја и атмосферата окулу четирите внатрешни планети. Планетите џинови биле далеку од најжестоките удари на Сончевиот ветер, што им овозможило да ги сочуваат дебелите слоеви гас со кои биле опкружени.
Гравитационата сила на Јупитер предизвикала меѓусебно уништување на планетизмалите во близината и спречила тие да се спојат во нова планета, а преостанатиот појас на карпи познати како астероиди и понатаму, до денес, останале во орбитата окулу Сонцето.




Меркур - најмалата и најблиската планета до Сонцето од осумте планети во Сончевиот систем, со орбитален периодод околу 88 Земјени денови. Гледана од Земјата, наликува како да се движи во својата орбита за околу 116 денови, што е многу побрзо од другите планети во Сончевиот систем. Нема познати природни сателити. Планетата е именувана според римското божество Меркур, гласникот на боговите.
Бидејќи Меркур орбитира околу Сонцето во внатрешноста на Земјината орбита (како и Венера), може да се појави на Земјиното небо во утрото и при зајдисонцето но не и во средината на ноќта. Исто така, како и за Венера и Месечината, можат да се забележат сите фази како што се движат по своите орбити во однос на Земјата. Иако Меркур може да се појави како светол објект кога е набљудуван од Земјата, неговата близина до Сонцето оневозможува да се набљудува со ист интензитет како и Венера. Две вселенски летала го посетиле Меркур: Маринер 10 прелетал во близина во 1970-ите и MESSENGER, лансиран во 2004 година, кој сеуште е во орбита.



Венера - е една од четирите земјовидни планети, што значи дека исто како и Земјата таа е камено тело. Во големина и маса е приближна како и Земјата и често се идентификува како нејзина сестра близначка. Дијаметарот на Венера е само 650 km помал од оној на Земјата, а нејзината маса е 80% од земјината. Сепак има голема разлика во атмосферите на двете планети. Атмосферата на Венера е исполнета со јаглерод диоксид, за разлика од Земјата.
Венера е многу топла бидејќи сета топлина што ќе ја прими од сонцето не оди нагоре, туку се собира во атмосферата. За тоа зборува прикажаната слика. Венера од Сонцето е оддалечена околу 108,2 милиони km. Има пречник од 12.104 km. Просечната температураизнесува 480 °C. Едно деноноќие трае 117 земјини денови, една година трае 225 земјини денови. Венера нема природни сателити.





Земјата - една од осумте планети во Сончевиот систем. Таа е трета земја по оддалеченост од Сонцето и најголема планета со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата земја има еден природен сателит, Месечината, и засега е единствената позната планета на која има живот. Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години, што е потврдено со одредувањето на времето на полураспаѓање на ураниумот и ториумот.
Земјата има и магнетно поле кое, заедно со атмосферата, ја штити од зрачење (штетно по живите суштества кои ја населуваат земјата). Атмосферата, исто така служи и како штит за одбивање на помалите метеори, кои поминувајќи низ неa согоруваат пред да стигнат до земјената површина.
Единствениот познат сателит на земјата, Месечината, почнала да кружи околу земјата пред 4,53 милијарди години. Денес, земјата прави круг околу сонцето на секои 366,26 кругови кои ги направила околу својата оска (што е еднакво на бројката од 365,26 сончеви денови). Земјината оска се наоѓа под агол од 23,5°[2] што е последица за менувањето на годишните времиња на Земјината површина.
Атмосферските услови се значајно променети одкако настанал животот на планетата и ни создава еколошка рамнотежа која ги модифицира условите на површината на земјата. Околу 71% од Земјината површина е покриен со вода. Земјата е единствена планета во сончевиот систем каде што водата може да остане во течна состојба. Останатите 29% се континентите и островите. Земјината површина е многу променувана во текот на многу милиони години, а причина се тектонските движења.
Земјата, исто така реагира и на надворешниот свет во одредени мери. Нејзиниот релативно голем сателит, Месечината, влијае наплимата и осеката, го стабилизира променувањето на степенот на Земјината оска со што постепено ја менува должината на ротациониот период на земјата. Дождот од комети, во периодот по настанувањето на земјата, одиграла голема улога во настанувањето на океаните. Покасно, сударите со астероидите предизвикале значајни промени во Земјината површина.





Марс- е четвртата планета од Сонцето со просечна оддалеченост од 227.940.000 км (1,52 АЕ).Таа е наречена црвена планета. Дијаметарот ѝ е 6794 км (речиси двојно помал од тој на Земјата), и е седма планета според големината. Марс (грчки: Арес) е бог на војната. Планетата веројатно го добила името заради својата црвена боја, а понекогаш се нарекува и црвената планета. Орбитата на Марс е значително елиптична. Тоа резултира со промена на температурата од 30 °C во апхели перихел. Ова има големо влијание на климата. Додека просечната температура е 218 К (-55°С), температурата на површината се движи од 140 К (-133°С) на половите во зима, до 300 К (27 °С) преку ден во текот на летото. Иако Марс е многу помал од Земјата, копнената површина му е приближно иста како на Земјата (заради водените површини на Земјата). Поголемиот дел од површината на Марс е стара и исрешетана од удари на метеори, но исто така има и многу новосоздадени долини, планински масиви и рамнини. Јужната полутопка е воглавно составена стари планини изрешетани со кратери од метерои, налик на релјефот на Месечината. Но северната полутопка е сосема различна, содржи рамнини кои се создадени во блиското минато, пониски се и имаат многу посложена историја. Причината за ваквата разлика во релјефот на северната и јужната полутопка не е позната.





Јупитер - петтата планета од Сонцето и убедливо најголема во Сончевиот систем. Покрај Јупитер има уште три гасни џинови во сончевиот систем - Сатурн, Уран и Нептун. Јупитер е најчесто четвртиот најсветол објект на небото (после Сонцето, Месечината и Венера); со тоа што понекогаш Марс може да биде посветол.

Јупитер е составен од релативно мало карпесто јадро, опкружено со метален водород, опкружен со течен водород, кој пак е опкружен со гасен водород. Нема јасна граница меѓу трите агрегатни состојби на водородот - приближувајки се кон јадрото преодот од гас во течност е постепен. Јупитер во потесна смисла е составен од:H(90%)и од He(10%) Јупитер има тенок планетарен прстен составен од прашина што потекнува од неговите месечини при судир со метеори. Главниот прстен е создаден од прашина од сателитите Адреста и Метис. Два широки пофини прстени го опкружуваат главниот прстен, и потекнуваат од Тиб и Амалтеа. Истотака постои и многу тенок и оддалечен надворешен прстен што кружи околу Јупитер во обратна насока. Неговото потекло е непознато, и можеби е составен од меѓупланетарна прашина.



Сатурн - е шестата планета од Сонцето. Таа орбитира на околу 10 астрономски eдиници од Сонцето и е втората по големина во сончевиот систем по Јупитер. Сатурн е изграден претежно од разни гасови и е таканаречен гасен џин. Познат е по својот систем на прстени, што се состојат главно од честички на мраз со помала количина на остатоци и прав. Името го добил од римската митологија - Сатурн е бог на земјоделството. Сродниот грчки бог Кронос, бил син на Уран и Гаја и таткото Зевс (Јупитер). Симболот на планетата е стилизирана претстава на српот на овој бог (уникод: )
Кристијан Хејгенс во 1655 година е првиот кој сватил дека прстените не се цврсти, туку се составени од вселеснки отпадоци кои орбитираат околу планетата. Најширокиот и најсветлиот прстен е Прстен B, а Прстен А е подалеку и е поблед. Прстените се само 100м широки, што е навистина малку во спореба со нивниот радиус од 135.000км. во Прстенот А има тесна празнина наречена Encke's Division (Енкова Дивизија), околу која орбитира месечината Пан. Атлас орбитира околу надворешниот раб на Прстенот А. Војаџер сондите открија нов надворешен прстен, Прстен F. Околу овој прстен се вртат месечините Прометеј иПандорa. Сатурн е 75% азот и 25% хелиум, слично на Јупитер, и има карпесто јадро. Се врти брзо и како последица на тоа е раширена кај екваторот. Температурата на јадрото на Сатурн изнесува 120000К поради постепена гравитациона компресија, позната како механизам на Келвин-Хелмхолтц, што исто така се случува на Јупитер и Нептун, но не и на Уран. Брзината на ветровте во атмосверата достигнуваат до 1800 км/час
Сатурн околу својата оска се завртува за 10,5 часа а околу Сонцето за 29,46 години. Сатурн има дури 18 сателити. Најпознат и најголем од сите е Титан.



Уран - е седмата планета од Сонцето. Таа е гасен џин и е трета по големина по дијаметар и четврта по маса. Именувана е по Уран, грчкиот бог на небото и прататкото на сите богови. Неговиот симбол е или (астролошки) или (астрономски). Првиот симбол доаѓа од името на Вилијам Хершел, кој го открил Уран. Вториот симбол е комбинација на направите на Сонцето и на Марс, бидејќи Уран бил персонификација на рајот во грчката митологија, доминиран од светлината на Сонцето и моќта на Марс. Тоа е исто така, алхемиски симбол за платина. Уран околу својата оска се завртува за 17,2 часа,а околу Сонцето за 84,51 година.Уран има 16 сателити.Најпознати и најголеми од сите се Титанија и Оберон.
  

Нептун - осма и најоддалечена планета во Сончевиот систем. Неа ја открил германскиот астроном Јохан Готфрид Гале во 1846година. Освен овие податоци за Нептун не се знаело многу сè додека вселенската сонда „Војаџер 2“ не го посетила во 1989 година. Оваа светла сина топка речиси нема никакви површинси обележја. Во време кога ја фотографирал „Војаџер 2“, серија бури познати под името Големата темна дамка (која подоцна исчезнала) можела да се види како брзо се движи во насока спротивна на ротацијата на планетата. Нептун има свои прстени како и другите гасовити џинови. Постојат четири скоро невидливи прстени составени од темни парчиња мраз. Таа е четвртата најголема планета по дијаметар и трета по маса; Нептун има 17 пати поголема маса од Земјата и е нешто помасивен од блискиот Уран, кој има маса од 14 Земјини маси, но е нешто помал поради поголемата густина. Планетата е именувана по Нептун, римскиот бог на морето. Неговиот астрономски симбол (, Уникод U+2646) е стилизирана верзија од Посејдоновиот Трозабец. Најмногу се разликува по тоа што има елиптична орбита.
Сината боја на Нептун доаѓа од гасот метан. Метанот исто така влијае врз бојата на Уран. Нептун е најветровита планета во нашиот Сончев систем. Ветриштата кои дуваат со брзина од 2.200 км на час дуваат од исток кон запад на планетата.
Нептун околу својата оска се завртува за 16,1 часа а околу Сонцето за 164,8 години. Нептун има 8 сателити од кои најпознат и најголем е Тритон.


No comments:

Post a Comment