Sunday, December 27, 2015

Ѕвезди



Ѕвездите се огромни топки топлки вжештени гас што ротираат. Тие произведуваат огромни количества енергија во форма на топлина и светлина како големите нуклеарни централи. Таа енергија со својот сјај се емитува во вселенскиот простор.
Ноќе, на небо личат на ситни светли точки, но голем број ѕвезди се неверојатно поголеми. Бателгез во соѕвездието Орион е 800 пати поголем од сонцето, нашата ѕвезда. Ѕвездите многу се разликуваат зависно од количеството светлина што го емитуваат.Насилните ѕвезди даваат 100 000 пати повеќе светлина од Сонцето, додека други се 100 000 пати послаби.
Ѕвездите се создаваат кога облаци прашина и гас во просторот познати како маглици, ќе се збијат под влијание на силата на тежата и ќе станат густи грутки кои се нарекуваат протоѕвезди. Не е сосема јасно поради што доаѓа до ова. Можно е овој процес да го поттикнува експлозија на некоја ѕвезда која се наоѓа воблизина и е при крајот на својот живот.
Откако ѕвездата ќе се формира, таа станива стабилна, “нормална’’ ѕвезда. Сонцето е типична ѕвезда со просечен сјај. Помасовните ѕвезди како што е Ригел,светат со сино-бела светлина, додека на другиот крај на скалата, едно бело џуџе, збиено јадро на секоја ѕвезда, не е поголемо од Земјата.




No comments:

Post a Comment