Соѕвездија и Сончев систем



Соѕвездијата - се области на кои е поделено небото заради полесо препознаванје на ѕвездите, галаксиите и другите објакти во него. Пред многу години, пред да се појават телекскопите, првите астрономи ги групирале ѕвездите во шеми замислувајќи дека нивните форми изгледаат како нивните богови, херои, и свети животни од народните легенди. Меѓу 88-те денес познати  соѕвездија  сe наoѓаат и 48-те соѕвездија што им биле познати и на старите Грци, а кои тие ги превземале од Вавилонците





Сончевиот систем - е Планетарен систем кој се состои од Сонцето и останатите небески тела кои орбитираат (кружат) околу него: 8 планети заедно со своите природни сателити и прстени, илјадиците астероиди и комети, метероидите и останатиот меѓупланетарен материјал. Границите на Сончевиот систем се простираат и по орбитата на Плутон (кој не е планета), кој орбитира со просечна далечина од 30 AU, и ги вклучува Кајперовиот појас кој достига до 50 AU и Ортовиот облак составен од комети од кои некои се оддалечуваат од Сонцето и до 100.000 AU (1,5 Светлосни години).По донесувањето на првата дефиниција на планета на 24 август, 2006, Плутон престанува да биде планета и станува планета-џуџе. Со тоа Сончевиот систем има 8 планети.
Сите планети имаат директна орбита, т.е. тие ротираат околу Сонцето во истата насока во која ротира и самото Сонце; движењето на повеќето сателити е исто така директно. Сонцето е далеку најмасивно тело во Сончевиот Систем, неговата масае 330.000 пати поголема од земјината. Меѓупланетарниот простор содржи космичка прашина и екстремно малку јонизиран гас(честички од сончевиот ветер).Сончевиот систем настанал пред речиси 5000 милиони години, како резултат на згуснувањето на облак од меѓуѕвезден гас и прашина (сончевата небула). Постојат и останати вакви системи кои се центрирани околу други ѕвезди и се викаат „сончеви системи“, а постоењето на дискови од материја кои ги опкружуваат ѕвездите наведуваат на заклучок дека планетите се нус производ од формирањето на ѕвездите.Растојанијата во сончевиот систем најчесто се искажуваат во астрономски единици кои се означуваат со AU. 1 AU е растојанието помеѓу Земјата и Сонцето или околу 150 милиони километри.







Сонце - ѕвезда од класата на жолти џуџиња која се наоѓа во центарот на Сончевиот систем. Земјата и друга материја (вклучувајчи други планети, астероиди, метеороиди, комети и космичка прашина) орбитираат околу Сонцето, кое самото претставува 98,6% од целовкупната маса на сончевиот систем, а тежи околу 200.000 пати повеќе од Земјата. Растојанието меѓу Сонцето и Земјата е приближно 149.600.000 километри и неговата светлина го минува ова растојание за 8,3 минути.Енергијата од Сонцето, во форма на сончева светлина, го одржува скоро целиот живот на Земјата преку фотосинтеза и ја управува земјината клима и време.
Површината на Сонцето се состои од водород (околу 74% од неговата маса, или 92% од неговата зафатнина), хелиум (околу 24% од масата, 7% од зафатнината) и мали количини на други елементи, вклучувајќи железо,   никел, кислород,   силициум, сулфур,магнезиум, јаглерод, неон, калциум и хром. Сонцето има G2V ѕвездена класа. G2 значи дека има површинска температура од приближно 5.780 К (5.500 °C), давајќи му бела боја која често заради атмосферското прекршување изгледа жолто кога се гледа од површината на Земјата.
Кога ќе почне да го снемува водородното гориво на Сонцето , тоа ќе прерасне во многу поголема и посјајна ѕвезда наречена црвен џин. Тоа на крај ќе ги отфрли своите надворешни слоеви во вселенскиот простор. Од сонцето тогаш ќе остане само мошне густа ѕвезда наречена бело џуџе пред конечно да се излади и да изгасне и да стане црно џуџе.

Јадрото на Сонцето е најважниот дел од него. Тоа е како мотор. Тој ја дава светлината, и тој ги дава тие честички внатре во Сонцето. Секогаш кога Сонцето свети, испушта енергија околу милион атомски бомби.Јадрото на Сонцето се смета дека се протега од центарот до 0,2 до 0,25 сончеви радиуси. Густината изнесува од 150 g/cm3 (150 пати повеќе од густината на водата на Земјата), а температурата изнесува приближно 13 600 000 К (додека на површината на Сонцето изнесува околу 5 800 К). Неодамнешна анализа на мисијата SOHO е наклонета кон побрзата стапка на ротација во јадрото отколку во остатокот од зрачниот слој. Во поголемиот дел од постоењето на Сонцето енергијата се добива со нуклеарна фузија преку серија чекори наречени р-р (протон-протон); овој процес го претвора водородот во хелиум. Помалку од 2% од хелиумот создаден во Сонцето доаѓа од CHO циклусот. Јадрото е единственото место во Сонцето кое што произведува значително количество на топлина преку фузија: остатокот од ѕвездата се загрева со енергија која што се пренесува надвор од јадрото. Севкупната енергија добиена со фузија во јадрото мора да патува преку многу последователни слоеви до сончевата фотосфера пред да се ослободи во вселената како сончева светлина или кинетичка енергија на честичките.




Короната се наоѓа внатре во јадрото. Таа може да достигне температури повеќе од милиони °C. Короната (Сонцето) испушта енергија достигајќи 9,3 трилиони милји (околу 14484096000000 km), подалеку и од Плутон. Таа енергија всушност не штити од интергалаксичните ветрови. Истотака како и на Земјата, има посебна гравитација, па не ја пушта Земјата и останатите планети да се изгубат во просторот.
                                                                                            
Фотосферата е површината на Сонцето. Површината не е толку цврста, како што се другите делови, а и испушта гасови. Температурата на површината достига до 10.000 °C
Како што на Земјата има пролет, лето, есен и зима, така и на сонцето постојат годишни времиња. На Сонцето се наречени „сончеви сезони“ и траат по приближно 11 години секоја. Сезоните имаат различен карактер, и нашата технологија и заедницата може да реагира на нив, а дури и времето на Земјата. Сончевиот минимум е сезоната кога Сонцето користи најмалку енергија и има најмалку таканаречени сончеви дамки. Сончевиот максимум е спротивното.

Сонцето е создадено пред околу 4,57 милијарди години кога молекуларниот облак од водород експлодирал. Сончевото создавање се пресметува на два начина: сегашните последователни години на Сонцето се одредени со помош на компјутерски модели на ѕвездената еволуција и нуклеокосмохронологијата и изнесува дека постои околу 4,57 милијарди години. Ова речиси се совпаѓа со радиометричната дата на најстарата материја на сончевиот систем која е стара 4,567 милијарди години.

Сончевото зрачење, во најширока смисла, е целосниот спектар на електромагнетна радијација која ја испушта Сонцето. На Земјата, сончевото зрачење се филтрира низ Земјината атмосфера, а соларна радијација гледаме кога Сонцето е над хоризонтот. Сончевото зрачење може да се измери со помош на апарат наречен пиранометар или пирхелиометар. Светската метеоролошка организација ја дефинира сончевата светлина како директно зрачење од Сонцето врз Земјата со најмалку 120 Њ•м−2.

Сончевиот ветер претставува струја од честички испуштени при голема брзина од горните слоеви на сончевата атмосфера, во главно електрони и протони. Иако овој губиток на масата на Сонцето е безначаен а густината на сончевиот ветер е мала, честичките се движат со огромна брзина и вршат огромно влијание врз телата во сончевиот систем. Познати ефекти на сончевиот ветер се оларната светлина и насочување на опашот на кометите спротивно од Сонцето.






No comments:

Post a Comment